Јулија Навални: Ако е вистина дека мојот сопруг е мртов, сакам Путин да знае нешто
Јулија Навални рече дека не им верува на руските медиуми кои ја објавија смртта на нејзиниот сопруг, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но ако се покаже дека е вистина, таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин и го повика светот да се бори против неговиот „ужасен режим“..
„Не знам дали треба да веруваме во ужасната вест што ја добивме преку официјалните медиуми бидејќи со години знаеме дека не можеме да им веруваме на Путин и неговата влада. Тие продолжуваат да лажат“, рече Јулија Навални, која беше затекната од веста за смртта на безбедносна конференција во Минхен.
„Ако ова е вистина, би сакала Путин, неговите луѓе во владата, неговите пријатели да знаат дека ќе бидат казнети за она што и го направија на мојата земја, на моето семејство, на мојот сопруг“, рече таа. „Тој ден ќе дојде наскоро“.
Таа ја повика меѓународната заедница и сите луѓе во светот заедно да се борат „против тоа зло, тој ужасен режим во Русија“. „Путин треба лично да одговара за сите злосторства што ги направи во последните години“, рече Јулија Навални.
Федералната затворска служба на автономниот округ Јамало-Ненец на својата веб-страница објави дека Навални „се чувствувал лошо“ по петочната прошетка и „речиси веднаш изгубил свест“. Во соопштението за медиумите се наведува дека бил повикан медицински персонал, но не можел да го реанимира. Причината за смртта на Навални се утврдува, додаваат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа