Портпаролката на Навални информира дека руските власти ќе го задржат неговото тело уште две недели

 

Руските власти нема да го предадат телото на починатиот опозиционер Алексеј Навални уште 14 дена, изјави неговата портпаролка.

-Истражителите им рекоа на адвокатите и мајката на Алексеј дека нема да им го дадат телото. Телото ќе биде под некаков „хемиски преглед“ уште 14 дена, напиша Кира Јармиш на X.

Откако руските власти минатата недела соопштија за смртта на 47-годишниот Навални, неговата мајка и адвокатите отпатуваа во сибирската казнена колонија каде што тој беше задржан за да го земат телото, но властите досега не им дозволија пристап.

Според затворските власти, Навални паднал и починал во петокот додека шетал низ дворот на неговиот затворски логор на ниски температури. Обидите да биде реанимиран не успеале.

Од друга страна, активистите за човекови права велат дека неговата е убиство. Сопругата на Навални особено го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин. Неколку западни лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, исто така го сметаат Кремљ за одговорен.

19.02.2024 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега