Гатузо се закани: Ќе се убијам на плоштад!
Поранешниот италијански фудбалер Џенаро Гатузо кој се најде среде скандал за местење натпревари, изјави дека ќе се убие ако се докаже дека е виновен.
-Ако се докаже дека сум крив, ќе отидам во центарот на градот и ќе се убијам пред сите. Ова го зборувам од срце, зарем навистина некој мисли дека сум спремен да го нарушам целиот свој углед и да наместам неколку натпревари? Неможам после тоа некој да го погледнам во очи. Се би паднало во вода се што сум градел во истата секунда, вели Гатузо.
Гатузо додава дека е премногу лут и навреден и дека не сака ова да му остане дамка во животот.
18.12.2013 - 10:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа