Чудни избори: Додека трае молкот за претседателските ќе тера кампањата за парламентарните

 

 И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ќе ги почитуваат препораките од Државната изборна комисија кои се однесуваат на изборниот процес.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе водат кампања на 24 април на денот на претседателските избори, бидејќи според ДИК нема да има молк за парламентарните избори на овој ден, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски истакна дека ќе ги почитуваат препораките на ДИК и доколку во тие два дена треба да има молк по однос на кандидатот за претседател, тоа ќе го почитуваат.

Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следните денови ќе го анализира новиот предлог закон за јавно обвинителство, а во текот на следната недела се очекува да биде договорен термин за средба

-Ќе ги почитуваме препораките на Државната изборна комисија и доколку во тие два дена треба да има молк по однос на кандидатот за претседател, тоа ќе го почитуваме, без да има промоција на активностите на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМЕ. Доколку е дозволено да се промовираат кандидати за пратеници, ќе го искористиме само тоа право, рече Милошоски.

Пратеничката група на СДСм на денешната прес-конференција во Собранието побараа Законот за продажба на станови во државна сопственост да биде одблокиран од претседателот на собраниската Комис

И пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска нагласи дека нејзината партија ќе ги почитува сите законски одредби кои се однесуваат на изборниот процес. 

На прашањето дали ова ќе го наруши изборниот процес, Милошоски се надева дека да се направи некаков законски престап, доколку партиите совесно ги почитуваат препораките на ДИК. 

И Марковска е со ист став како Милошоски по оваа прашање. - И овие седум години сме покажале дека во ниту еден момент како партија не сме го нарушиле изборниот процес досега во сите овие избори кои сме ги имале, рече Марковска.

Последен пат кога имавме заеднички, претседателски и парламентарни избори во 2014 година, кампањата за парламентарните избори беше прекината додека траеше молкот за претседателските. Одлуката за тоа ја донесе ДИК.

21.02.2024 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега