Потресна снимка од девојче од Газа, плачејќи вели дека и недостига леб

 

Дека состојбата со храна во Газа е критична, покажува видео објавено на социјалните мрежи на кое расплакана Палестинка вели дека и недостига леб. Исто така, девојчето вели дека нејзиниот „татко е во рајот“ и затоа не и носи леб.

„Времето го поминувам со брат ми“, вели таа.

Светската програма за храна (WFP) ја прекина испораката на „животно-спасувачка“ храна во северниот дел на Газа, велејќи дека хуманитарните конвои претрпеле „целосен хаос и насилство поради колапсот на војната“, јавува Би-Би-Си.

Агенцијата вели дека одлуката не била донесена лесно и дека нивните вработени во Газа се соочиле со пукотници и грабежи. Од декември, ОН предупредуваат на претстоен глад на северот на Газа.

WFP вели дека овие најнови извештаи се доказ за „нагло лизгање во глад и болести“.

Израелската војска им нареди на 1,1 милион палестински цивили да се евакуираат од сите области северно од Вади Газа и да бараат засолниште на југ на почетокот на копнената офанзива во октомври. Областа за евакуација го опфаќаше градот Газа, кој пред војната беше најгусто населен на територијата.

Повеќето жители ги следеа израелските наредби, но неколку стотици илјади избраа да останат или не можеа да побегнат бидејќи израелските трупи го опколија регионот и потоа во голема мера ја презедоа контролата врз упориштата на Хамас таму.

21.02.2024 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега