Мајката на Навални вели дека властите ѝ вршат притисок да го погреба тајно
Мајката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Људмила Навалнаја, денеска соопшти дека го видела телото на нејзиниот син и остро се спротивставува на притисокот од руските власти да го погреба тајно.
Људмила во видео порака рекла дека инспекторите и дозволиле да го види телото на починатиот син, кое се наоѓа во градската мртовечница.
Таа го повтори своето барање неговото тело да и биде предадено и протестираше поради, како што рече, притисокот од властите кои се обидуваат да ја принудат да се согласи на таен погреб.
– Ме уценуваат, поставуваат услови каде, кога и како да го погребам син ми. Тие сакаат тоа да го направам без јавна церемонија, додаде Навалнаја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа