Кои се кандидатите за Претседател на Македонија

 

Иванов, Керим, Кекеновски, Пендаровски, Гошев. Голем број на имиња се вртат во пресрет на претседателскитеизбори кои согласно законот треба да се одржат кон крајот на март или почетокот на арпил идната година.
Додека партиите вешто ги кријат имињата со кои ќе ја бараат довербата пред граѓаните, во јавноста се шпекулира со можните кадровски решенија и со тоа, кое од нив, колкава шанси има во соочувањето со граѓаните.
Ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ, ниту пак некоја од партиите во албанскиот политички блок се уште не излгуваат со одговори кои би ги расчистиле дилемите, каква изборна трка ќе следиме на пролет.
Единствено, во трката за Претседател на Македонија јавно кажа дека се вклучува лидерот на Достинство, Стојанче Ангелов, но анкетите велат дека тој речи си и да нема шанси да велзе во претседателската вила на Водно.
Најголемата политчка партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ чиј кандидат најверојатно ќе има и најголеми шанси да стане претседател не излегува со одговор дали актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов ќе добие нов мандат. Од партијата не може да се добијат ниту неофицијални информации. Согласно праксата, ВМРО-ДПМНЕ својот кандидат го избира на внатрепартиски избори, а на нив, засега единствен кандидат е професротот Јове Кекеновски кој сам се кандидираше на оваа позиција.
Дали противкандидат ќе му биде Срѓан Керим, човекот чие име најмногу се поврзуваше со кандидатурата на ВМРО-ДПМНЕ се ушт нема одговор. Керим, неодамна во интервју за Press24 рече дека воопшто и не може да размислува за кандиатура доколку зад себе нема сериозна политчка партија и остави простор, доколку биде предложен да прифати да влезе во изборната трка
„Досегашната пракса во демократска Македонија недвосмислено покажува дека без поддршка на една политичка партија не е реално да се зборува за кандидатура. Токму затоа, и во мојот случај сметам дека под услов да има таква поддршка ќе може да стане збор за евентуална претседателска кандидатура“ - рече Керим во интервју за Press24.
На Бихаќка ништо поразлична ситуација. Ниту од таборот на опозицијата не може да се слушне име кое би можело да истрча на претседателските избори.
Се шпекулира со екс гувернерот Петар Гошев и со името на Стево Пендаровски. Гошев не ја отфрли можноста да влезе во трката за шеф на државата. Слична е ситуацијата и со Пендаровски иако од него по ова прашање официјално нема став. 
Молчи и албанскиот политчки блок, иако извесно е дека и двете поголеми албански политчки партии ќе исфрлат свој кандидат, а политчкиот пазар ќе го прават во вториот изборен круг.
Свои кандидатури најавија и помалите политчки партии од т.н. трет политчки блок. И Стевчо Јакимовски и позитивците предводени од Зиков најавија учество во трката за Претседател на Македонија.

18.12.2013 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега