Зеленски вечерва пристигнува во Тирана

 


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва треба да пристигне во Албанија, каде што утре се одржува самитот Украина – Југоисточна Европа, а Тирана од денеска е под силни безбедносни мерки, пишуваат албанските медиуми.

Како што јави „Воксњуз“, во безбедносните мерки ќе бидат ангажирани речиси 1.600 полицајци, вклучително и интервентни тимови и антитерористичката служба, уште 400 припадници на гардата ќе бидат на готовност, а антиексплозивни групи ќе ја следат ситуацијата.

Се очекува Зеленски да има повеќе билатерални средби во Тирана, меѓу кои и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот Бајрам Бегај.

По самитот на Украина и Југоисточна Европа, на кој ќе учествуваат и претставници на балканската шесторка, в четврток ќе се одржи самитот на Западен Балкан, на кој ќе се разговара за Планот за раст на тој регион.

Се очекува и доаѓањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

27.02.2024 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега