Нови мерки против големата кашлица


Комисијата за заразни болести утре најверојатно ќе предложи нови мерки откако на Детската клиника беше хоспитализирано осуммесечно доенче со пертусис. Тоа е невакцинирано, но е задржано за следење на неговата здравствена состојбата.

Се очекува Комисијата да даде препорака до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да ги задолжи градинките да се направат списоци со вакцинални листи и да забранат прием на невакцинирани деца. Вакциналните пунктови работат во две смени и во сабота. Вакцинацијата се одвива засилено откако на подрачјето на Скопје беше прогласена епидемија од голема кашлица.
Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари до сега, сите вакцинални пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЈЗ, вршат интензивно пребарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

04.03.2024 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега