Германка си го фрлила новороденчето во контејнер

 

Мајка од Германија е обвинета дека фрлила новороденче во стаклен сад, кое за среќа го спасил случаен минувач откако го слушнал нејзиниот плач.

Во судот во Улм за обид за убиство се појави Силвија С.(38).

Мајката во текот на истрагата признала дека го ставила бебето во контејнер вечерта на 14 октомври.

Околу два часот по полноќ сведокот Андреас Б.(40) дошол дома од забава и слушнал плачење. Погледнал во контејнерот и меѓу стаклените шишиња нашол бебе кое плаче, пренесува „Билд“.

Итната помош и полицијата го згрижиле бебето кое било старо само неколку часа.

Јавниот обвинител Морис Мари пред судот беше јасен – бебето нема да ја преживее студената ноќ. Момчето цел час лежело голо во контејнерот. Според обвинителството, тоа било изнесено од куќата во кутија за пица.

Полицијата со помош на бабица брзо успеала да ја пронајде мајката. За време на породувањето, во клиниката во Улм, се јавила Силвија С. и телефонски добивала инструкции за домашно породување.

Обвинителството претпоставува дека Силвија се срамела од бременоста.

„Обвинетата е самохран родител и веќе има три сина, бременоста ја криела од околината и го избегнала дополнителниот товар да роди уште едно дете“, велат тие.

Судијата Волфганг Трезенрајтер (57) истакна дека опција е и пресудата за обид за убиство. Мора да се испита дали обвинетата себично ги ставила своите интереси над правото на детето на живот.

21.03.2024 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега