Загина мотоциклист пред Прилеп
По два дена во болница се уште неидентификуван мотоциклист им подлегнал на повредите по сообраќајката на патот Прилеп Градско кога со својот Томос излетал од патот. Како што инофмрира полицијата,во саботата мотоциклистот, управувајќи го својот Томос, од се уште неутврдени причини излетал од патот пред селото Ореовец и се здобил со тешки телесни повреди. Утрово тој во Ургентниот центар во Скопје им подлегнал на повредите.
Неговиот идентитет е се уште непознат бидејќи моторот немал регистерски таблички, а возачот немал никакви документи кај себе.