Спремете се: Без струја утре повеќе скопски општини

 

Без струја утре ќе бидат корисниците на дел од општините Ѓорче Петров, Зелениково, Сарај и Центар, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Според добиените информации од „ЕВН Македонија“ АД, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре од 10 до 15 часот, ќе останат корисниците на дел од улицата „4“ во Сарај, патот кон Љубин.

Oд девет до 12 часот, корисници од улиците „Борка Талески“, „Никола Тримпаре“, „Ленинова“, „Дебарца“ во општина Центар.

Додека пак, од девет до 15 часот, корисниците на дел од улиците „Борис Сарафов“, „Апостол Петков“ и од „Георги Казепов“, во близина на раскрсницата, во општина Ѓорче Петров. Истиот период ќе немаат електрична енергија и корисниците на дел од селото Зелениково – делот кај млекарата.

25.03.2024 - 19:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа