НАТО ги осудува зголемените руски воздушни напади во Украина

 

НАТО силно ги осудува зголемените руски воздушни напади врз Украина и ја потврдува својата посветеност за дополнително зајакнување на украинската одбрана, соопшти алијансата по денешниот состанок на Советот НАТО-Украина, свикан на барање на Киев.

Состанокот беше на ниво на амбасадори, а со него претседаваше заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоана. Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров се приклучи на состанокот преку видео конференција.

-Континуираните напади на Русија против цивили и критичната инфраструктура во Украина ја покажуваат итната потреба да продолжиме со нашата поддршка, рече Јоана во соопштението. Се додава дека сојузниците обезбедуваат значителна воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина.

Франција наскоро ќе испрати дополнителни количества хаубици, а неколку земји од пактот се приклучија на иницијативата за обезбедување дополнителни 800.000 артилериски гранати. НАТО формира центар за анализа и обука во Полска каде што украинските сили ќе можат да тренираат заедно со сојузничките трупи, се вели во соопштението на Алијансата.

28.03.2024 - 23:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега