МЗ: Поради дефект на еден од компресорите два дена одложен беше елективниот програм, а не итните случаи

 

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите во тек на два дена беше одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти. Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар.
 
„Се работи за дефект на еден од компресорите поради што многу инструменти зависат од притисок кој го генерираат пумпите, затоа во тек на два дена елективниот програм, а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект. Во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 Септември“, ТОАРИЛУЦ, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ кадешто е постигнато усогласување и во тек е усвојување план како ќе се одвива кохортацијата на пациенти кога ќе почне реновирањето на КАРИЛ.
 
Компресорската станица требала да биде променета уште пред 3 години. Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар и брзо ќе се пристапи кон промена на сите компресори кои се дотраени“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

 

11.04.2024 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега