Г7 подготвува мерки против Иран
Групата Г7 работи на пакет координирани мерки против Иран, изјави британскиот премиер Риши Сунак.
„Итно работиме со нашите сојузници за да видиме какви чекори можеме да преземеме заедно за да го одвратиме и осудиме она што го прави Иран“, рече Сунак во парламентот.
„Разговарав со колегите лидери на Г7, обединети сме во осудувањето на овој напад“, додаде тој.
15.04.2024 - 19:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа