Маж фрлил бомба врз храм во САД
Американските власти вчера уапсија маж од Оклахома затоа што фрлил бомба врз седиштето на Сатанскиот храм во Масачусетс.
Чудно именуваната организација со седиште во Салем на својата веб-страница наведува дека се залага за секуларизмот и индивидуалните слободи и дека нејзините членови всушност не го обожаваат сатаната.
Шон Патрик Палмер (49) е обвинет дека ја оштетил зградата на храмот со експлозивна направа. Тој денеска треба да се појави пред судот во Оклахома. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 20 години и парична казна до 250.000 долари, пишува АП.
Надзорните снимки покажуваат како Палмер се приближува до сатанскиот храм околу 4 часот наутро на 8 април. Го сокрил лицето, а на себе носел војнички елек. Потоа ја запалил експлозивната направа, ја фрлил на главниот влез и побегнал. Бомбата делумно се активирала, предизвикувајќи мала пожарна штета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа