ФОТО: Емотивна фотографија, Брус Вилис и покрај влошеното здравје стана на нозе и отиде на роденден кај внуката

 


Здравствената состојба на познатиот актер Брус Вилис од ден на ден се влошува.

Актерот има деменција и афазија (нарушување на говорот).

Иако не му е добро, сепак Брус станал откако му кажале дека неговата внука го прославува првиот роденден.

Актерот ја држел внуката во раце, а слатката фотографија ја објавила ќерката на Брус, Румер Вилис.

„Оваа последна година со тебе беше најдобрата година во мојот живот. Лу, никогаш не знаев што е љубов додека не те запознав. Ти си најслатка, најубава, најпаметна, најсмешна женска која ја знам. Не можам да верувам дека мене ме избра за твоја мајка“, напишала Румер.

Во коментарите под фотографијата можеле да се прочитаат најубавите роденденски желби за малечката, но и емотивни зборови упатени до славниот актер.

„Фотографијата со Брус е толку неверојатна“, „Ова е најслаткото нешто кое сум го видела“, „Среќен прв роденден“, пишувале луѓето.

23.04.2024 - 22:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега