Кинезите ќе градат цел град крај Свети Николе за да ги сместат работниците кои ќе го градат автопатот
Претставници на кинеската компанија „Синохидро Корпорејшн Лимитед“ која ќе ги гради автопатите Штип – Миладиновце и Охрид – Кичево, пристигнаа во Свети Николе. Тие од локалните власти побараа да им биде обезбедена површина од 30.000 метри квадратни за изградба на главниот камп каде ќе бидат сместени околу 60 инжинери и целокупната логистика од македонските градежни фирми.
Земјиштето е лоцирано кај хотелот Овче поле, а ќе биде опремено со целокупната инфраструктура за нормално работење и живеење на кинеските градежници.
- Свети Николе е на добра локација, па затоа одбравме кампот да биде овде, рече Ли Ка, претсавник на кинеската компанија „Синохидро Корпорејшн Лимитед“.
Стартот на градежните активности е планиран за крајот на февруари идната година, а целата инвестиција за оваа делница е 206 милиони евра.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Зоран Тасев вели дека кинаските претставници веќе неколкупати биле во посета на Свети Николе, а во текот на наредните два месеца, Општината ќе ги обезбеди и сите потребни документи за локацијата каде што ќе биде градежниот камп за изградба на автопатот Штип-Миладиновци.
- Не само што ќе има бенифит градот од изградбата на автопатот, ќе има бенифит и од нивното присуство овде, вели Тасев.
Кинеската компанијата „Синохидро Корпорејшен Лимитед" ќе ги гради автопатските делници Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид. Двата автопата ќе се градат со кредит од кинеската „Ексим банка“ во износ од 580 милиони евра
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа