Ставревски: Владините политики придонесоа за отворање на нови 39.450 вработувања

 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски истакна дека со привлекувањето на странски инвестиции и политиките за вработувања и кредитната линија од Европската инвестициска банка, во Македонија се отворија вкупно 39.450 нови работни места. 

Во капацитетите на  Џонсон контролс Скопје  се отворени 325, Џонсон контролс Штип 768,  Џонсон Мети Скопје 448, Кемет електроник 177,  Протек Скопје 50, Технокозе 32, Ван Хол 250, Кромберг и Шуберт  792, Дрекслмаер 1.048... 

- Вкупно 4.028 семејства сме спасиле како што вие милувате да кажете да не отидат во странство. Колку вие спасивте да не отидат во странство и колку фабрики отворивте?, праша Ставрески.

Со активните политики за вработување, како што рече, по сите основи се отворени 30.524 работни места. Со самовработување 5.798 работни места, со субвенционирање на Агенцијата за вработување 4.807,  обука за познат работодавач 6.591,  практикантство 759 вработувања, едукација за лични бизниси 1.914....., наведе Ставрески.

Според него, 4.907 нови работни места се отворени во приватниот сектор со користење на  кредитната линија со 5,5 проценти субвенционирана камата од страна на Владата.

Пратеникот Спасовски во излагањето за буџетот, меѓу другото, истакна дека не се согласува со ставот на власта оти спроведува политики со кои се зголемува бројот на работните места.  - Оваа Влада отвора работни места, но не во Македонија, туку надвор од неа, затоа што голем е бројот на граѓаните што ја напуштиле Македонија, рече Спасовски.

Тој смета дека со предложениот буџет не се финансираат издржани проекти и нема вложувања во капитални инвестиции.

19.12.2013 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега