Заев: Мицкоски и Силјановска да го почитуваат Уставот и договорот од Преспа

Претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на Уставот, меѓународните договори и законите на државата што ја водат, изјави поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, објави ТВ 24.

- Непочитувањето носи одговорност но и сериозни последици за државата кои веднаш ќе ги почувствуваат граѓаните. Одговорноста не е само политичка, туку и правна. А последиците се децениско непријателство со соседните земји, со Европската унија, со САД и ОН. Сето ова ќе има далекусежни последици за секојдневниот живот и севкупниот стандард на македонците и другите етнички заедници во Северна Македонија. Апелирам до нив да се тргнат од партиската наметка и што поскоро да сфатат дека сега сносат одговорност за државата и граѓаните. Владата ги почитува Уставот, меѓународните договори и закони како пример за целиот народ и тоа целосно ги почитува,  или како влада презема чекори за нивно поништување или менување. Впрочем, Мицковски и претседателката Силјановска Давкова многупати повторија дека немаат намера да го поништат Договорот од Преспа, иако не се согласуваат со него. Затоа како носители на највисоките државни функции треба да го почитуваат Уставот, меѓународниот преспански договор  и законите. Тие треба да гледаат напред кон иднината на Северна Македонија и македонскиот народ, вели Заев.

13.05.2024 - 18:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега