Грозданов: На лажните еко-активисти око не им трепнува за земјоделието кога станува збор за бизнис

 


Металуршкиот инженер и аналитичар Виктор Грозданов сподели нови сознанија околу т.н. еко-активисти кои се противат на отворањето рудници, кои, според него, имаат друга позадина, а не заштита на животната средина. Грозданов последната колумна ја наслови „Голи во седло“ и вели дека насловот е алузија на, како што додава, морална голотија која очигледно кај лажните еко активисти ја има во изобилие.

-Да се потсетиме на едно популистичко ветување кое го пласираше Костадин Ристоманов, еден од корифеите на лажните еко активисти, пред локалните избори во 2021. Благодарение токму на гласовите кои ги „врзуваше“ со манипулациите дека новиот рудник Иловица ќе биде штетен по здравјето, животната средина и земјоделските површини во Струмичката котлина, тој стана член на Советот на Општина Ново Село. Овој тогаш тазе избран советник вети дека веднаш после изборите ќе купи комунално возило за собирање отпад, така што финансискиот план ќе реализира така што однапред ќе се откаже од месечните паушали кои му следуваат во наредните четири години како општински функционер. Демек, обидувајќи се да создаде перцепција дека не се бори за функционерски привилегии туку за да биде претставник на жителите кои му ја дадоа довербата. Еве влегуваме во последната година од мандатот, а од вакво возило се уште нема ни трага ни глас, пишува Грозданов.

Аналитичарот истакнува дека добил нови информации од свиркачи, кои велат дека освен што фирмата на Ристоманов своевремено ги опремувала објектите на рудникот Бучим, за што и самиот говорел во ТВ гостување, постојат и други аргументи кои упатувале на одредени сознанија дека камиони наводно организирани токму од него, или можеби во сопственичка релација со негова фирма, наводно превезувале одреден материјал ископан од Бучим на обработка во Бугарија.

-Лажните еко активисти упорно тврдат дека нивна цел е заштитата на земјоделските површини кои според нив, доколку се изгради рударскиот комплекс Иловица ќе бидат трајно уништени. Со тоа постојано ги ставаат во заблуда земјоделците, свесно креирајќи перцепција дека македонското земјоделие ќе страда заради новиот рудник. Арно ама, кога ќе сакаат самите да прават бизниси тогаш без око да им трепне користат земјоделско земјиште на пример за производство на струја. И за тоа не чувствуваат потреба да ги информираат жителите на Струмичката котлина, туку со политика „мижи-бутај“ си тераат бизниси, ама пред медиуми полни им се устите за некаква принципиелност и лажна грижа, потенцира Грозданов.

14.05.2024 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега