Со Мерцедесот се забил во семафор - 19-годишен неготинчанец го загуби животот

 

Уште една крвава сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. За жал, утрово во 4 часот по полноќ 27-годишниот Ј.А. од Неготино изгубил контрола над возилото „Мерцедес“ на крстосницата со улиците „Маршал Тито“ и „Даме Груев“, по што удрил во семафор.

Тој во автомобилот бил заедно со својот сопатник, 19-годишниот Александар, кој им подлегнал на повредите во болница.

Телото е предадено на обдукција.

20.12.2013 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега