Сончево и топло: Температурите денеска до 31 степен

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени. UV=7

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува сончево и се потопло време. Температурата ќе биде во пораст, а за време на викендот и на почетокот на неделата претежно во јужните делови ќе има услови за појава на попладневна нестабилност со повремен пороен дожд проследен со грмежи, наместа процесите ќе бидат и во вид на изолирано невреме со пороен дожд, грмежи и услови за град.

31.05.2024 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега