Битолската Зоолошка добива нови жители

Битолската Зоолошка градина ги започна активностите за збогатување на фондот на збирката животни со нови видови и примероци.

Битолската Зоолошка градина ќе биде побогата за еден бенгалски тигар, мармозет, лемури, папагал ара, какаду, рис и долгоочекуваниот нилски коњ. За ова денеска информираше Коста Нешковски, директор на таа општинска установа.

- Иако се вбројуваме во редот на помали зоолошки градини, со површина од 2,21 хектари сепак располагаме со 35 видови животни, меѓу нив и ретки и заштитени видови. Како една од членките на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми-ЕАЗА успеваме да вршиме размена на ретки животни, а во новата година освен нови животни ќе има и нови живеалишта, посочи Нешковски.

Тој додава дека во рамки на Зоолошката градина ќе се изгради и живеалиште на фарма, нов влез и билетарница на установата, хортикултурно уредување на слободните површини и изградба на едукативен центар за кој анализите ни покажаа дека е повеќе од потребен, посебно за најмладите посетители кои со своите баби и дедовци беа најбројни во текот на оваа година.

20.12.2013 - 15:01
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега