Не излегувајте ако не морате - и денеска високи концентрации на ПМ10 во воздухот

Во Скопје, Тетово и Кичево и денеска се регистрирани високи концентрации на ПМ10 во воздухот.

Концентрацијата на ПМ10 во воздухот е над 180 микрограми на метар кубен. Високи вредности има повеќе од една недела, а вчера се измерени во Тетово 459 микгрограми, во Центар 291, карпош 249, Ректорат 227, Лисиче 211 и во Киечво 187 микрограми на метар кубен.

Заради заштита на населението Владата излезе со пакет кракторочни мерки кои предивуваа од 17 до утре да бидат ослободени од работа бремените жени и лицата над 60 години. Работниците кои работат на отворена да ги изведуваат активностите во период од 11 до 17 часот, а градинките, основните и средните училишта да не изведуваат активности на отворено. Се препорача во овие градови пренасочување на движењето на товарните возила од седум до 19 часот, а локалните самоуправи понтензивно да ги чистат и мијат улиците.

20.12.2013 - 15:26
Фото: 
фаланга

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега