Донесен Буџетот за 2014 година
Пратениците денеска во рамки на 80 седница со 67 гласа “за“ и 26 „против“ го донесоа Буџетот за 2014 година.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Буџетот за 2014 година ќе овозможи подинамичен економски раст и ќе ја задржи социјалната стабилност преку зголемениот износ за пензии и социјална помош, како и преку зголемениот износ за субвенции од 140 милиони евра.
- Тоа е континуитет на политиката што ја продолживме во кризни времиња и ќе ја продолжиме во 2014 година. Сите овие факти покажуваат дека Владата посветува внимание на поддршка на сите граѓани од ранливи категории. Освен силната развојна, вклучуваме и димензија на социјална стабилност, рече вицепремиерот Ставрески.
Приходите се планирани на 158 милијарди и 343 милиони, а расходите на 176.514 милиони денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата на 3,3 проценти.
За опозицијата буџетот е неразумен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа