Авионот на италијанскиот министер за одбрана принудно слета

 

Авионот на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозе морал принудно да слета .

Авионот со кој италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето се враќаше во Италија од состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел денеска мораше принудно да слета на воениот аеродром Чампино во Рим .

Имено, слетувањето било неопходно поради чад во багажникот на авионот, пренесува Анса.

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска го завршија дводневниот состанок во Брисел, на кој постигнаа договор за долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина, пред планираниот самит од 9 до 11 јули, со кој ќе претседава Американскиот претседател Џозеф Бајден, кога се очекува лидерите на НАТО да објават финансиска помош за Украина.

14.06.2024 - 17:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега