Гаши на средба со косовскиот претседател на Собранието, Гљаук Коњуфца: Евроинтегративната цел е заедничка

 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со својот колега од Собранието на Република Косово, Гљаук Коњуфца.

Посакувајќи му добредојде, Гаши констатираше дека двете земји имаат одлична меѓусебна соработка, уште од времето кога земјава ја призна независноста на Косово. Важно е таа тенденција на добри односи да се задржи и продлабочи во наредниот период. Со оглед на тоа што нема меѓусебни политички нерешени прашања, фокусот да се стави на инфраструктурни проекти, зајакнување на економската и трговска соработка, како и соработка во областа на образованието, културата и здравството, сè со цел олеснета комуникација и уште поголемо зближување на народите.

Од своја страна, Коњуфца му ја честиташе новата позиција на Гаши, како претседател на законодавниот дом, по успешните избори, кои беа тест за демократијата, сериозноста и зрелоста на државата. Исто така, тој изрази задоволство од членството на нашата земја во НАТО и посака што поскоро зачленување во Европската Унија.

Во нашата земја Косово гледа добар партнер и коректен сосед од кого добива континуирана поддршка низ годините.

Двајцата соговорници се сложија дека евроинтегративната цел е заедничка, делиме иста рамка на вредности и ориентации.

20.06.2024 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега