МВР со детали за заканите кон судија на Уставен суд

 

Заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот Дарко Костадиновски, биле преку социјална мрежа, а нив ги упатило лицето С.И, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

- Денеска околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека МВР веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок. 

24.06.2024 - 15:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега