Агелар го честиташе изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

 

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Анџела Агелер денеска на нејзиниот профил на платформата „Х“ го честиташе изборот на новата Влада.

-Честитки за формирањето на новата влада. Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економијата, енергетиката и развојот на инфраструктурата, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат, стои во честитката од Агелер. 

24.06.2024 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега