Неделно утро на минус 10- денот со ниски температури

 

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус три, а дневната од три до 12 степени.

Во Скопје преку целиот ден ќе биде магливо и студено. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до еден степен.

Утре ќе има зголемување на облачноста, а од вторник ќе дува и слаб до умерен јужен ветер поради што условите за магла постепено ќе се намалуваат. 

22.12.2013 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега