Макрадули со пораки и се заканувал на главната уредничка на Утрински весник
Главниот и одговорен уредник на Утрински весник, Соња Крамарска во својата последна колумна насловена како „Зошто не отидов на надзорното испрашување“, открива дека пратеникот Јани Макрадули преку СМС пораки и се заканувал во обид да ја спречи да објавува колумни во кои говори за внатрепартиските состојби во СДСМ.
-Веројатно ќе бев испровоцирана и да ги покажам пораките што ги добивам по телефон од Јани Макрадули во кои се обидува на најприземен начин да ми се заканува и да ме спречи да пишувам колумни за внатрепартиските состојби во СДСМ во кои го спомнувам неговото име како противник на новиот лидер Зоран Заев, пишува Соња Крамарска во својата колумна „Зошто не отидов на Надзорното испрашување“.
Главниот и одговорен уредник на „Утрински“ е еден од авторите на книгата за Бранко Црвенковски "Записи на едно време-пет години на чело на Република Македонија“. Таа важи за добар познавач на внатрепартиските состојби во СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа