Кавадарчанец лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан во полиција
Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80 - годишник од Кавадарци. За ова попладнево информираа од СВР Велес.
- Вчера во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
16.07.2024 - 15:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа