Двајца млади скопјани физички нападнале полицајци
Вчера околу 22.10 часот во с.Јурумлери, скопско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај ги лишиле од слобода Д.Б.(25) и Ј.Б.(35), двајцата од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
22.07.2024 - 16:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа