Хорор во дом за стари лица во Хрватска: Убиени 5 лица, маж влегол со пиштол и почнал да пука
Во Дарувар, хрватски воен ветеран уби пет лица во дом за стари лица, меѓу кои и неговата мајка.
Ова неофицијално го дознава Јутарњи лист, кој наведува дека убиецот, роден 1973 година, со пиштол упаднал во домот, ги убил мајка си, жители на домот и вработени.
Застрелани се вкупно осум лица – пет се мртви, еден е во критична состојба, а двајца се надвор од животна опасност.
Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафулето „Даруварац“.
22.07.2024 - 19:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа