Најскапите лежалки на плажа се наоѓат во Италија

 

Порталот „Бетвеј казино“ го открива најскапото место за изнајмување лежалки. Се работи за клубот „Ариенцо бич“ во Италија, каде што ова задоволство може да чини и до 350 евра на ден.

Анализата опфаќа над 130 популарни барови на плажа и над 60 јавни плажи ширум светот. Така, „Ариенцо бич“ се наоѓа на брегот на градот Амалфи, јужна Италија, а до него се доаѓа само со брод. На цената, се верува, влијае и туристичкото место Позитано. На топ-листата, Позитано, со островите Ли Гали во близина, го има и одморалиштето „Ла Скољера“, коешто е на второто место… Изнајмување лежалка тука чини 250 евра дневно.

На место бр. 3 е барот на плажата „Алила мареа бич“ во Калифорнија, САД, каде што лежалка чини 230 долари на ден. Амалфи го зафати и четвртото место со „Уан фајр“ – 200 евра дневно, а петти – со цена од 190 евра, е Пловечкиот бар на плажа „Јона“ во Тајланд.

Од друга страна, пак, најприфатливи, т.е. најевтини барови на плажа за изнајмување лежалки може да се најдат во Турција. Во клубовите „Ксума бич“ и „Додо бич“, на пр., се плаќаат 1,43 евра дневно за користење лежалка. Тука некаде е повторно Тајланд – со клубот „Парадајз бич“ каде што лежалка чини пет евра за еднодневно користењ

24.07.2024 - 23:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега