Затвореник од Идризово се обидел да ограби обложувалница во Центар во Скопје
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 17:10 часот го лишиле од слобода Д.С.(43) од Гостивар, кој се сомничи дека околу 16:45 часот со закана се обидел да одземе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје.
- Тој бил приведен во полициска станица и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, било констатирано дека Д.С. издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово – отворено одделение Велес и бил пуштен на викенд отсуство. Лицето било спроведено во установата, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа