Битолчани не ги почитувале сообраќајните прописи: Викендов многу возачи ги испразнија џебовите
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (02/03/04.08.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола,18 прекршоци за некористење на кацига…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа