Талески: Има одговорност кај Гаши, но ВМРО-ДПМНЕ бара начин да ја заташка работата

 

Во овој краток период откако оваа влада ја презеде власта секој ден се соочуваме со најразлични скандали од највисоките инстанци на власта, вклучувајќи го и инцидентот на скопскиот аеродром. За овој инцидент има одговорноост кај претседателот на Собранието, Гаши, а ВМРО-ДПМНЕ бара начин да ја заташка работата, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
 
-Крајно недопусливо е МВР, на кое ми требаа три дена да излезе со некое соопштение и став, да не излезе веднаш со конкретни мерки, да го расчисти случајот, тоа е недозволиво за земја членка на НАТО. Во писмениот документ е посочено дека тоа е по наредба на претседателот на собранието, тука има комндна одговорност. Претседателот на Собранието го испратил своето обезбедување и направил скандал во аеродрмот. Тука има и политичка одговорност, а ВМРО-ДПМНЕ бара начин како да го изменаџира целиот процес и да се заташка целата работа, рече Талески.
 
Ние бараме ВМРО-ДПМНЕ да излезе со конкретен став, да каже кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со таквото однесување и на претседателот на собранието и на обезбедувањето, додаде Талески. 
 
Талески нагласи дека од ВМРО-ДПМНЕ пред само неколку месеци излегуваа пред граѓаните и ветуваа дека секој, без разлика на која позиција е, што ќе се огреши пред законот, ќе договара, дека сите случаи ќе бидат расчистени, но очигледно е дека тоа не е пракса.
 
-Недопустливо е претседател на влада да дава изјава дека ќе биде ескорт. Не смееме да си дозволиме да имаме комичен премиер. Ако имаме комичен премиер тогаш не смееме да го рачунаме за сериозен претседател на влада. Ние и граѓаните на оваа држава бараме одговори, посебно за секодневните инциденти што се случуваат откако е оваа влада е избрана, рече пратеникот на СДСМ Миле Талески во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
07.08.2024 - 22:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега