Голем дел од Скопје утре ќе остане без вода

 

Поради дефект, дел од скопската територија утре ќе остане без вода за пиење, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како што се наведува во соопштението, поради уличен дефект на улицата „Партизанска“ 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, како и дел од „Црвена Вода“ и дел од „Дане Крапчев“.

Водоснабдувањето на овие корисници ќе им биде прекинато од 7.30 часот, до завршување со работните активности. 

12.08.2024 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега