Ибрахимовиќ жали по Југославија - „оваа репрезентација денеска ќе беше велесила“

 

Шведскиот фудбалски гениј, Златан Ибрахимовиќ истакна дека репрезентацијата на поранешна СФРЈ, доколку истата би постоела во денешно време, би била една од светските веле сили. 

„Мислам дека тоа би бил извонреден тим, бидејќи одлични играчи ја преставуваат Хрватска, Србија и БиХ и останатите земји. Тоа би било возбудливо. Таа Југославија мина низ тешки времиња, која раздвои многу нации. Не им беше лесно. Кога ќе размислам каква репрезентација би имала, би сакал таму и натаму да е сé како порано“, рекол Ибрахимовиќ чиј татко Шефик во 1977 емигрирал во Шведска..

Еден од најдобрите светски фудбалери, Златан Ибрахимовиќ, смета дека репрезентацијата на поранешна СФРЈ, би преставувала важен фактор во денешниот фудбал.

Играчот на ПСЖ рекол и дека му е жал што Шведска не изборила пласман на Мундијалот, дека кога ќе има можност ќе ги следи натпреварите од Бразил и дека посакува некој од неговите соиграчи да ја свои титулата.

Репрезентативецот на Шведска рекол дека репутацијата на „апсолутен егоист“ воопшто не му пречи.

„Се обидувам да бидам свој, кога новинарите ќе постават глупаво прашање, тогаш добиваат глупав одговор. Се сеќавам дека на почетокот на мојата кариера ме претставуваа како премногу препотентен: ‘Тој е арогантен, има големо его’. Не можете да освоите 20 тимски трофеи со големо его, тоа се медиумски измислици“, дополнил Ибрахимовиќ.

23.12.2013 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега