Четири пожари на отворено до 14 часот, два сѐ уште активни
Во текот на денешниот ден, до 14 часот, имало вкупно четири пожари на отворен простор. Од нив, два се сѐ уште активни, а другите два се под контрола, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Едниот активен пожар е во подрачјето на селото Смиљковци, Општина Гази Баба. Другиот е во Општина Чучер Сандево. На двете места гори сува трева.
Од пожарите под контрола, првиот е на територија на Општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“. Опожарени се нискостеблеста шума и сува трева. Вториот е на граница меѓу општините Долнени и Чашка, каде е опожарена мешана шума.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа