Мурал „Заклетва“ посветен на македонските бранители од 2001 во Кисела Вода
Кисела Вода доби нов мурал посветен на македонските бранители.
Муралот е нацртан на 80м2 површина а го носи името „Заклетва“ по насловната страна на книгата „Заклетва“ збир на сведоштва од самите бранители за конфликтот во 2001.
- Месеци припрема, три дена деноноќна работа и вложени преку 2000 евра. Муралот во Кисела Вода е готов. Нашата макотрпна работа се исплатеше и цело Скопје ќе го гледа резултатот на нашиот труд. Ова е екипа која никогаш не запира, продолжуваме уште посилно, соопштија од „Патриотско друштво“.
06.09.2024 - 14:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа