Илон Маск на прагот да стане билионер
Во 2027 година, Илон Маск ќе стане првиот билионер во светот. Според податоците засновани на извештајот на групата која го следи
богатството во светот, тој потоа со својата заработка ќе ја прескокне границата од илјада милијарди, пишува Гардијан. Само една година подоцна во клубот на билионери ќе му се придружи Гаутам Адани од Индија.
Заклучокот од истражувањето спроведено од експертите на академијата „Информа Конект“ за шефот на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла“, приватната ракетна компанија „Спејс Икс“ и платформата „Икс“ е дека богатството на Маск расте со просечна годишна стапка од 110 проценти. Во исто време тој е најбогатиот човек во светот со имот од 251 милијарда долари.
Инаку, првиот билионер во светот беше устоличен во 1916 година. Тоа беше Американецот Џон Д. Рокфелер, основач и акционер на „Стандард Оил“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа