Таравари загрижен за Законот за бранители - мора да седнеме и да разговараме со ВМРО-ДПМНЕ
Таравари потенцира дека не треба да се манипулира со овој предлог-закон кој, според него, влезе во собраниска процедура од средината на јануари годинава кога технички премиер беше Талат Џафери, а на власт беа ДУИ и СДСМ.
„Законот бил предложен кон средината на јануари годинава кога премиер беше Талат Џафери и на седницата на Собранието кога требаше да бидат разрешени двајцата министри Фатмир Меџити и Азир Алиу. Тогаш реагираше пратеникот Халил Снопче кој побара да не се гласа за овој предлог-закон за да влезе на дневен ред, но тогаш ДУИ не расправаше ниту се обиде да го спречи да влезе во процедура“, потенцира Таравари во интервју за Алсат.
Тој додава дека ова прашање е загрижувачко и како владин партнер ќе седнат и ќе разговараат.
„Како партнер мора да седнеме и да разговараме, ако има решение тоа да биде взаемно, односно да има решение за двете страни. Ќе направиме напори да го спречиме и ќе разговараме како коалициски партнери ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ“, нагласил Таравари.
Oд ВРЕДИ вчера порачаа дека нема да дозволат усвојување на овој закон доколку истиот не биде во пакет со законот за решавање на статусот на војниците од поранешната УЧК
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа