Швајцарија: Маж ја убил сопругата манекенка - ја распарчил, па телото и го сомелел во блендер

 

Кристина Јоксимовиќ (38), поранешна манекенка, во февруари годинава беше пронајдена мртва во својот дом во близина на Базел, Швајцарија. Нејзиниот сопруг Томас (41) призна дека ја убил, а Федералниот суд сега ја одбил неговата жалба да биде пуштен од притвор бидејќи, како што тврди, тоа го направил во самоодбрана.

Имено, Кристина била убиена и распарчена, а телото ѝ било сомелено во блендер, пренесува „Дневник.хр“.

Медиумите објавија дека тој го признал убиството при реконструкција на злосторството, но тврди дека ја убил сопругата, со која има две деца, кога таа го нападнала со нож.

Обдукцијата утврдила дека Кристина Јоксимовиќ била задавена, а нејзиното тело било распарчено во пералницата со  нож и градинарски ножици. Деловите од телото потоа биле сомелени со рачен блендер и растворени во хемиски агенс, пишува „Скај њуз“.

Томас првин тврдел дека ја нашол сопругата убиена и распарчена. Тој беше уапсен ден по откривањето на телото на Кристина.

12.09.2024 - 17:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега