Акцијата на МВР во Струмица ќе даде одговори за пропаста банката на Трифун Косотовски?

 

МВР, Основното јавно обвинителство  и инспектори на УЈП вчера почнаа голема акција во која се вршат претреси по домови и фирми во Струмица, Гостивар и Скопје, а на распит се викнати бројни управители на фирми, адвокати и нотари. Официјално не се соопштуваат детали за акцијата, а неофицијално дознаваме дека се работи за голема криминална империја за затајување на даноци поврзано со пропаста на Еуростандард банката и неколку компании
Како што дознаваме, одземено е големо количество документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. Сомневањата се дека се работи за систем на криминална пирамида која веројатно се шири и надвор од македонските граници.
По пропаста на Еуростандард банка, сопственикот Трифун Костовски посочи дека загубата од над 60 милиони евра е последица на договори на бизнис кругот околу тогашната власт зад неговиот грб. Како што објасни, се давале кредити без покритие на фирми од Струмица и бизнисмени од кургови блиски до врвот на претходната власт.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти.

 

13.09.2024 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега