Фон дер Лајен го претстави новиот состав на ЕК: Захариева од Бугарија и Кос од Словенија добиваат функции

Урсула фон дер Лајен го претстави новиот состав на ЕК

Денеска на специјална прес-конференција претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го претстави новиот состав на институцијата што ја предводи кој ќе се состои од 40% жени и тие ќе добијат повеќе потпретседателски позиции. ЕК ќе добие нов состав, а „звучни имиња“ за македонската политичка сцена од регионот се Марта Кос од Словенија и Екатерина Захариева од Бугарија, но таму од регионот се и Дубравка Суица од Хрватска и Апостолос Цицикостас од Грција.

Состав на ЕК

На претседавачкиот совет се разговараше за структурата на новата комисија и одделните ресори. ЕК ќе има шест извршни потпретседатели, двајца еврокомесари со по две ресори и редовни комесари. Високите потпретседатели се од Франција, Италија, Шпанија, Естонија, Финска и Романија, а Фон дер Лајен изјави дека изборот се водел од географската рамнотежа и распоредот на жени – мажи.

Европската комисија ќе ја сочинуваат:

Екатерина Захариева од Бугарија ќе биде еврокомесар за стартапи и иновации;

Хена Виркунен од Финска добива портфолио на технологија, безбедност и демократија;

Стефан Сежурне од Франција ќе биде одговорен за индустриската стратегија;

Роксана Минзату од Романија – за луѓе и способности;

Рафаеле Фито од Италија – за кохезија и реформи;

Каја Калас, Естонија – висок претставник за надворешна политика и безбедност.

Валдис Домбровскис од Латвија – економија и продуктивност;

Пјотр Серафин од Полска – буџет;

Марос Шефчовиќ од Словачка – економска сигурност и трговија;

Јесика Росвал од Шведска – средина;

Оливер Вархеи од Унгарија – Здравје и благосостојба на животните;

Кристоф Хансен од Луксембург – Земјоделство и храна;

Магнус Брунер од Австрија – внатрешни работи и миграција;

Хаџа Лабиб од Белгија – управување со кризи и еднаквост;

Мајкл Мекграт од Ирска – Правда, владеење на правото и демократија;

Јозеф Сикела од Чешка – меѓународни партнерства;

Дан Јоргенсен од Данска – Енергетика;

Марта Кос од Словенија – проширување;

Марија Албакерке од Португалија – финансиски услуги, инвестиции и пазари на капитал;

Вопка Хоекстра од Холандија – клима;

Ендрус Кубилиус од Литванија – одбрана и простор;

Апостолос Цицикостас од Грција – транспорт и туризам;

Глен Микалеф од Малта – меѓународна правда, млади, култура и спорт;

Дубравка Суица од Хрватска – Медитеран;

Костас Кадиз од Кипар – риболов и океани.

Функцијата ќе ја преземат до крајот на годината

Сите кандидати ќе поминат низ сослушувања со европратениците кои мора да ја одобрат нивната кандидатура. Следната ЕК се очекува да ја преземе функцијата до крајот на годинава.

17.09.2024 - 20:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега