Масовна тепачка на напревар во Чаир - еден кошаркар повреден

 

Голема тепачка се случила денеска на пријателскиот дуел во СРЦ „Кале помеѓу ТФТ и Чаир 2030, кој на две минути пред крајот морал да биде прекинат поради големиот инцидент во кој биле вклучени и навивачи, јави спорт1

Хаосот почнал на две минути пред крајот на средбата, по еден прекршок на еден од домашните кошаркари, кој за чаирчани бил прегруб. Дошло до реакција од клупата, па и од трибините каде што биле фановите на гостинскиот тим, реагирале и присутните домашни навивачи по што дошло до тепачка во траење од неколку минути.

Најдебелиот крај го извлекол капитенот на ТФТ, Едис Нури, кој бил нападнат од неколку лица, поради што овој инцидент бил пријавен во полиција што значи дека ќе има и „трето полувреме“ надвор од кошаркарскиот терен.

19.09.2024 - 20:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега