Мотоциклист тешко повреден во судир со возило со српски регистарски ознаки


Вчера околу 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со српски национални ознаки, управувано од Л.Т.(24) од Република Србија и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

23.09.2024 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега